Интервју со иселеникот Бошко Васев – Како до работа со македонски пасош?!!

Како до работа со македонски пасош – Како да се пронајде работа во странство? Кои се условите под кои може да се работи со македонски пасош во Германија? Кој е клучот за успехот откако ќе почнете со работа.

Одговор на овие и многу други прашања кои ги мачат нашинците кои се решаваат да си ја пробаат својата среќа во странство, побаравме од нашиот пријател Бошко Васев, иселеник по потеко од село Бигла кој веќе 26 години успешно е интегриран во Германија. Со Васев веќе имаме разговарано на оваа тема, но овој пат малку подетално разговаравме околу можноста да се најде работа во Германија со македонски пасош, но и за предизвиците и очекувањата на нашинците од нивното зачекорување во Германија до сите понатамошни фази кои треба да ги поминат за да можат да се снајдат и да бидат успешни во она што го работат.

Васев во својата канцеларија во Бруксал

Како да се адаптирате подобро во новата средина

delcevo365.mk: Веќе подолги години сте посредници за работа на наши иселеници и на многу луѓе сте им помогнале да зачекорат по патот на успехот. Што е она основното што секој мора да го има во предвид кога ќе побара помош од вас. Кон кои правила треба да се придржува?

Бошко Васев: Како прво сакам приликата да ја искористам сите клиенти, пријатели, почитувачи и сите граѓани од нашето прекрасно гратче Делчево, да ги поздравам и да им посакам од се срце добро здравје и среќа во животот.

Да, тоа е точно ние веќе години наназад успешно посредуваме за работни места и сместување овде во Германија. Имаме многу луѓе од цела поранешна Југославија, но секако најмногу од Македонија, луѓе на кои им имаме помогнато да се интегрираат и да успеат во оваа прекрасна држава.

Што е најважно? По мое убедување и според моето искуство, секој еден човек кој ќе одлучи да тргне по тој пат треба да биде подготвен најпрвин ментално да ги издржи почетните потешкотии, тука мислам на носталгијата, новите работни задачи и редот на работното место, дисциплината, овдешниот менталитет, новата средина и секако луѓето со кои ќе се среќаваат, бидејки тоа ќе биде сосем нова околина за нив. Но, запаметете дека, секој еден кој  ќе побара помош од „BB Service“ во тој процес на адаптација ќе биде поддржан од нас.

Васев на плоштадот во Бретен

Кои профили на работници најмногу се бараат во Германија?

delcevo365.mk: На вашата фан-страна на фејсбук може да се забележи оглас преку кој барате работници од повеќе профили. Кои профили на работници моментално се бараат најмногу и од кои вие како „BB Service“ имате најмногу потреба во моментот.

Бошко Васев: Да имаме моментално прекрасни можности да вработиме различни профили на работници Ѕидари, Тесари, Армирачи, Бравари, Заварувачи, Молери, Фарбачи, Багеристи, Шофери со Ц и Е категорија, Кувари, Медицински лица, секако вработуваме и помошници и општи работници.

Како со македонски пасош до работа во Германија?

delcevo365.mk: Комуницирате секојдневно со многу луѓе и сигурно во разговор со дел од нив едно од најчестите прашања е дали и како може со Македонски пасош да се најде работа во Германија. Имаше некои измени во законот и објавено многу статии во кои едни пишуваа дека може да се работи со наш пасош други ја демантираа таквата вест. Што од тоа е точно? Може ли во Германија да се работи со Македонски пасош и под кои услови?

Бошко Васев: Секако дека посредуваме, односно на многу луѓе, веќе им имаме посредувано да најдат работа со македонски пасош, луѓе кои исто така овде брзо се интегрираат и успешно напредуваат, за што јас лично многу се гордеам. Процедурата е се уште иста согласно законот за работни визи од 1 јануари 2016 година. За секој оној кој ќе се реши да си ја побара среќата овде, првиот чекор е регистрирањето за Термин во германската амбасада во Скопје, нешто кое можете само он-лајн да го направите и потоа кога ќе го добиете  терминот на вашата е-пошта, морате да ги подготвите потребните документи, а тоа се: 

-Пасош со доволна важност;

-Биометриски слики;

-Работен договор од Германија;

-Опис за работна позиција од Германија;

-Потврда за сместување.

За сето тоа се разбира можете и нам како „BB Service“ да ни се обратите. Со Македонски пасош сето тоа исто така сето тоа е можно како и со ЕУ пасош се разбира, но секако како што веќе претходно напоменав, за тоа треба да бидете подготвени и да сакате да успеете. Секако ќе треба стрпливост и борба, но јас се уште не сум видел успех без стрпливост и борба. Мојата девиза во тој поглед е: Кој се бори може да се случи да изгуби, но кој не се бори воопшто, тој веќе дефинитивно изгубил.

Релаксација – важен фактор во бурното секојдневие!

delcevo365.mk: Како е Бошко Васев приватно, имавме прилика во два наврати да ве посетиме, како ви поминува еден ден? Имајки предвид дека имате многу обврски, како наоѓате време да најдете време за релаксација во турбуленцијата наречена брз живот.

Бошко Васев: Јас Бошко Васев, овде во Германија веќе 26 години сум со мој самостоен бизнис, активен сум и поседувам големо искуство и знаење особено во сите процедури, закони и потреби на луѓето. Овде ќе се надоврзам на што со тек на времето по престојот ќе им биде важно на луѓето кои ќе се решат да зачекорат по патот на успехот во Германоја. Тоа се понатамошните поволности кои ги следуваат како на пример повратот на данок од минатата година така што ние како фирма посредуваме за враќање на данокот и за сите видови книговодствени услуги. Посредуваме за секаков вид на осигурување и за кредити. Со „BB Service“ и се е скоро можно. Ако барате ново работно место, можеби сместување, совет околу посредување на важни документи, поволни кредити, средување на документите со поврат на данок од минатата година, осигурување на вашето возило, здравствено, семејно и друг вид осигурување, додатен пензиски фонд или за многу други работи согласно вашите желби и потреби ви стоиме на располагање со нашето долгогодишно искуство. Сето тоа е наша одлика за која ние ќе се погрижиме да ја добиете саканата услуга без никакви проблеми. Бараноста за нашите услуги е огромна затоа што ние на прво место работиме и се нафаќаме само ако сме стварно убедени дека делото ќе биде успешно, а потоа се друго. Во меѓувреме сериозниот пристап за да се успее зборува и за нашите успешни дела. Запаметете дека секогаш и за се нашите дела ја кажуваат вистината а не она што знаеме да го кажеме.

Летото можност за средби со семејството

delcevo365.mk: Доаѓаат летните месеци, сигурно оваа година повторно во месец август пак ќе се вратите на одмор во Делчево. Ќе продолжи ли Црвенџиската средба која стана ваш заштитен знак?

Бошко Васев: Што се однесува до приватниот живот и „Црвенџиската средба“ која се одржува веќе 10 години, со Господ напред продолжуваме и понатаму да ја организираме. Веќе знаете дека средбата се одржува на 9 август кога роднините и пријателите се собираме во моето прекрасно родно место Бигла во популарното Црвенџиско маало. Се разбира дека имаме време за заеднички средби и овде во Германија. Јас како голем љубител на музиката и орото често организирам и присуствувам на заеднички средби и забави. На тие средби често знаеме да засвириме, да запееме и секако да заиграме, едноставно таков е мојот карактер зошто како велат старите, Кој свири, пее, игра и се смее, дефинитивно нема време негативно и зло да мисли. Она што ме прави среќен е тоа што секако моите многу сакани родители се витални, здрави и живи, што можат се уште да се шетаат и што секако се присутни во нашите животи, во животите на внуците Кевин и Леонид. Јас лично нон стоп и на секој велам Животот е еден и тој не е вреден ако не го живееме онака како што треба. Запаметете дека ни е доволно и само еден живот ако среќно и убаво го живееме. 

Суштината на животот е да се цениме едни со други, да се сакаме и максимално се најдобро еден на друг да си посакаме и правиме. 

Овој наш разговор би го завршил со дел од она што сакам да им го порачам на сите:

Ако верувате дека можете да успеете, во право сте, ако верувате дека не можете да успеете пак сте во право. Во она во што верувате ќе стане ваша реалност.

Запаметете: Упорниот и позитивниот човек размислува, ако постои начин ќе го пронајдам, ако не постои ќе го измислам и ќе успеам.

 

 

1 Comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*