Ретро-кар шоу на 13 април по четврти пат во Делчево

Познат датумот за одржување на Ретро-кар шоуто кое по 4 пат ќе се одржи во Делчево.

Новоформираното здружение на љубители на олд тајмери Кралеви на патиштата на социјалните мрежи веќе ја сподели веста дека во сабота на 13 април сабота во Делчево повторно ќе продефилираат голем број на стари, но зачувани возила.

Ретрокар шоуто е предвидено да се одржи на паркингот кај градскиот стадион во Делчево.

Покрај учесници од Делчево, организаторите најавуваат учество на возила од соседна Бугарија, и Србија како и учесници од неколку градови во Македонија.

За учесниците предвидени се награди, а наскоро подетално ќе ве информираме за сето она што е планирано во рамки на 4 Ретрокар шоу во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*