Делчевци со зголемена свест околу своите права како потрошувачи

По повод 15 март, Светскиот ден за заштита на правата на потрошувачите, направивме краток разговор со претставникот на Организацијата на потрошувачи од Делчево, Сребран Ѓеоргиевски кој го запрашавме колку генерално во Македонија, а со тоа и во Делчево се почитуваат правата на потрошувачите во државата.

Аномалии во потрошувачкото општество

delcevo365.mk: Колку во Делчево е зголемена свеста на граѓаните во однос на нивните права како потрошувачи?

Ѓеоргиевски: Да кажам дека граѓаните на Македонија веќе се вклопуваат во она општо потрошувачко друштво, така што и граѓаните на Делчево и покрај тоа што од година во година се со зголемена свест во однос на заштитата на своите права како потрошувачи, честотпати знаат да се судрат со проблеми околу некои недостатоци или аномалии при набавка на продукти за општа потрошувачка, техничка опрема или еве последните години со проблем со навремена набавка на лекови. 

delcevo365.mk: Каде да реагираат граѓаните за своите права како потрошувачи?

Ѓеорѓиевски: Ние ги следиме овие општи состојби што се случуваат и за сите аномалии или проблеми, граѓаните кои се соочуваат со некакви поединости или лични проблеми ги упатуваме до Советот на потрошувачи којшто функционира во склоп на Советот на Општина Делчево, каде што за некои посериозни случаи постојат комисии кои што можат да ги разгледуваат нивните забелешки и проблеми и да ги проследат до соодветните органи или институции во склоп на државата.

Сребран Ѓерогиевски – Организација на потрошувачи

delcevo365.mk: На што највеќе реагираат граѓаните?

Ѓеоргиевски: Во последните години многу се потенцираат оние привлечни реклами за набавка на атрактивни прозиводи од областа на техниката, телефони компјутери и така натаму каде честопати цел на таканаречени превари и измами се поголеми суми на парични средства за производ кој не соодветствува за цената за која се продава, што покасно откако ќе се случи „инцидентот“, тешко се наоѓа правно решение за случајот.

delcevo365.mk: Што препорачувате во таков случај?

Ѓеоргиевски: Би им препорачал и на граѓаните и на помладите генерации, дека најнапред добро треба да ја проучат декларацијата за самиот производ, да прочитаа добро што се нуди за извесна сума и што е она што може да следи подоцна како некаква потенцијална опасност за нив како потрошувачи. Ова накратко е тоа што можам да го препорачам. Ние  сите како потрошувачи сме зависни од одредени продукти од било кој аспект и затоа препорачувам да внимаваме на сето она што ни се нуди во техничките маркети и додека не сме сигурни она што навистина не ни е потребно, да не го купуваме.

Анкета со граѓаните на оваа тема

delcevo365.mk: Дали ви се случило некогаш да не го почитуваат вашето право како потрошувач иако сте биле во право?

Граѓанин  на Делчево: Јас од мое искуство можам да кажам дека некои компании го почитуваат правото на потрошувачите. Ми се има случено еднаш купив перална која беше неисправна, ми ја бараа фискалната, им ја дадов и веднаш ми дадоа нова перална. Исто така ми се има случено со некои колонијални продавници кога некоја роба има изминат рок е ја однесам, секако мораш да ја покажеш фискалната сметка и го враќаат производот, истакна Арифовски.

Колку се почитуваат правата на потрошувачите во Делчево

Колку се почитуваат правата на потрошувачите во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, March 14, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*