Колона од возила денес попладне чекаа за влез во Бугарија

Поради пад на компјутерскиот систем повеќе од половина час денес попладне повторно се чекаше за влез во Република Бугарија кај граничниот премин Станке Лисичково. Како што информираат возачи кои бргу ја завршиле процедурата за излез од државата кај граничниот премин Делчево,  застојот од бугарска страна започал околу 16 часот.

-Веќе половина час чекаме за влез во Република Бугарија. Ни рекоа дека причината е пад на компјутерскиот систем. Вака е често на овој граничен премин, велат возачите.

Според возачите за влез во Бугарија чекаат околу 30 автомобили и неколку товарни возила.

За решавање на овој проблем кој претставува тесно грло во сообраќајот пред еден месец бугарскиот европратеник Анреј Ковачев кој беше во посета на Делчево, најави реконструкција на граничниот премин Станке Лисичково по што се очекува проблемите со застојот да бидат минато.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*