Малиот Давор во мисија за почисто Пехчево!!!

Малиот Давор од Пехчево кој и стана познат на јавноста по тоа што многу сака знамиња, овој пат во нова мисија, да го исчисти малото Пехчево.

Тој потпомогнат од неговите најдраги Кате и Маги, денес го чистеше центарот на градот.

Потегот на Давор не натера да ги гледаме работите од негова страна. Ако ова би го правел секој од нас, барем еднаш неделно и во своето најблиско опкружување, околината секако дека би била почиста, а ние посреќни што сме направиле добро дело.

Вреди да се проба!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*