На 200 години стариот храм „Свети Спас“ во село Владимирово му е потребна обнова

Црквата „Свети Спас“ (позната и како Вознесение Христово) e главнa селска црква во малешевското село Владимирово, Општина Берово.
 
Градбата била започната во 1840 година, била осветена во 1842 година, а завршена во 1846. Во минатото, црквата служела и како училиште и полициска станица. Во црквата е откриен „Летопис на црквата на Св. Вознесение Христово“, како и книга на приходи, расходи и инвентар, каде се забележани детали за градбата, инвентарот, градењето на новата училишна зграда, направените трошоци.
Градбата е трикорабна црква со полукружна апсида. Посебен впечаток во црквата оставаат десетте дабови столбови, кои со секира се оформени во шестострани правилни призми.
 
Иконите на иконостасот се работени на Света Гора и се подарок на месното население.
 
Црквата потполно изгорела на 1 ноември 2014 година. Официјално, причините за пожарот (кој избувнал околу 10 часот наутро) не се познати, но се претпоставува дека пожарот се проширил од свеќникот во непосредна близина на олтарот.
 
Од црквата останале само камените ѕидови, крстилницата и камбанаријата, а внатрешноста била целосно уништена, заедно со старите и вредни икони. 
 
По пожарот, повеќе истакнати жители по потекло од селото дале парични придонеси за обнова на црквата, како: Благоја Ханџиски, Снежана и Љубчо Георгиевски, Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ итн.
По подолго време во општина Берово кон крајот на овој месец повторно ќе се организира ликовно-музичка донаторска работилница, која ќе се одржи на 21 и 22 март (четврток и петок), со почеток во 18:00 часот, во Хотел Манастир во Берово.
 
Настанот го организира музичкиот виртуоз по потекло од Берово, Горан Алачки, заедно со уметникот Живко Поповски- Цветин, чиај главна цел е токму обезбедување средства за обновување на црквата ,,Св.Спас” во с. Владимирово, која во 2014 настрада од пожар.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*