Скршени врати скршени стакла и огледала, вршење нужда во самите соблекувални, затнати санитарни чворови.
Ова како што информираше директорот на делчевската гимназија Љупчо Прачкоски е само мал дел од грдата слика, која се почесто е присутна по натпреварите кои се одигруваат во спортската сала на делчевската гимназија, што придонесе денес тој да реагира против недоличното однесување и неодржување на хигиената на нивото кое е потребно од страна на учесниците во спортските настани.
-Прво да ги поздравам учесниците на вчерашните натпревари, тоа се млади деца кои постигнаа успех со нивните наставници и професори. Она што ме загрижува е негрижата и односот према хигиената во самата спортска сала. Иако многу пати повторувавме дека секој оној кој вегува во салата, треба хигиената да ја одржува на највисок степен, за жал се случува обратното.
Секојдневно нехигиената доаѓа до израз што може да се види после одржувањето на натпреварите каде имаме купишта на храна на ѓубре. Сето тоа се случува и покрај кодексот на однесување кој го имаме на секој чекор и овде и горе е запишано како треба да се однесуваат прво оние што седат на трибините и кои учествуваат во гледање на натпреварите. Исто така ова се однесува и на самите учесници и нивните наставници и професпри и покрај нашето предупредување дека треба самите соблекувални да бидат одржувани до највисок степен затоа што секоја нехигиена е и заразна болест, вели Прачкоски.Капката која ја прелеа чашата деновиве како најсрамен чин кој е забележан во делот на одржување на хигиената во салата е вршењето нужда во самите соблекувални, што според Прачковски е израз на голема некултура и невоспитаност.
-За жал овие денови ни се случија многу немили сцени во самите соблекувални, учениците си дозволуваат и си дават свое право да вршат нужда и во самата соблекувална, а не во тоалетите каде треба да се врши најосновната елементарна потреба на самите ученици. Негрижата од страна на наставниците во тој контекст нас многу не загрижува. Ние секој натпревар ги предупредуваме и им кажуваме дека по завршувањето на натпреварите мора да се проверат и трибините и соблекувалните каде престојуваат. Скршени врати скршени стакла и огледала, запушени санитарни чворови, тече вода, пукнати цевки, сето тоа е она што го имаме како појава која за нас значи трошење на нови материјални средства. Дваесет и четири часа работи оваа сала и нам ни е драго што огромен број на млади луѓе од најмала до најголема возраст спортуваат, но хигиената е на многу ниско ниво, вели Прачкоски.
Ако се продолжи со ваков интензитет на негрижа кон јавниот инвентар, Прачкоски најавува забрана за користење на салата и за клубовите и до сите оние спортисти кои ја користат.
-Еден апел до сите учесници на овие спортски натпревари и оние кои се гледачи кои сакаат да уживаат во спортот и оние кои што ги тренираат децата, да ја покачат хигиената до највисок степен, затоа што ако не се случи тоа, ќе превземеме најригорозни мерки и нема да дозволиме на ниту еден субјект да влезе во спортската сала, затоа што не се грижи за неа како ние што се грижиме.
Со вакви постапки е невозможно еден или двајца вработени да водат сметка за хигиената. За тоа треба да се грижат оние кои престојуваат во салата секој ден, почнувајки од наставниците кои овде тренираат со своите ученици кои прво и основно треба да ги научат децата како да се однесуваат во соблекувалните.
Ние трошиме сума на пари за се она што е скршено, а во исто време нивната негрижа уште повеќе не загрижува, дополнува Прачкоски.
Од гимназијата додаваат дека клубовите и поединците по користењето на салата сами се должни да го исчистат нередот, а не како досега што тоа го правеа вработените во гимназијата.
Наместо во тоалет се врши „нужда“ во соблекувалните во спортската сала во Делчево
Наместо во тоалет се врши „нужда“ во соблекувалните во спортската сала во Делчево. Доколку се повторат вакви случаи директорот најави забрана за користење на спортската сала
Posted by delcevo365.mk on Saturday, March 16, 2019
Leave a Reply