Солидна понуда на производи на градскиот пазар во Делчево

Прилично исполнет ден имаа денес пазарџиите кои на блиските тезги ја распослаа својата разновидна понуда на раноградинарски производи, продавајки ја по цена која за некои беше коректна, а за некои таква за да можат да го купат она неопходното за што и го посетиле градскиот пазар.

А цените како што не информираа локалните продавачи изгледаа вака:

-Банани 55 денари

-Лимон 55 денари

-Киви 40 денари

-Мандарини 60 денари

-Портокал 3 килограми за 100 денари

-Јаболка 6 килограми за 100 денари

-Краставица 70 денари

-Патлиџан 80 денари

-Зелка 40 денари парче и 3 парчиња за 100 денари

-Млад кромид 15 денари

Најзаинтересирани за свежите производи освен домашните купувачи и оваа сабота беа гостите од Бугарија кои ги запрашавме дали се од оние што често доаѓаат овде или се за прв пат во Делчево.

-Јас сум за прв пат овде и можам да кажам дека е екстра. Ќе разгледаме и сигурно ќе си купиме нешто, рече посетителка од Софија.

Еве дел од атмосферата од денешниот пазарен ден во Делчево.

Солидна понуда на производи на градскиот пазар во Делчево

Солидна понуда на производи на градскиот пазар во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, March 16, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*