Очекувана наплатата на планираните приходи во 2018 во општина Делчево

Од планираните приходи и приливи, општина Делчево во изминатиот период наплатила 88,4 проценти. Образложувајки ја завршната сметка за 2018 година пред делчевските советници, раководителката на Одделението за финансии и буџет, Анка Христова, истакна дека од вкупно 262 милиони и 824 илјади денари општината наплатила износ од 232 милиони и 364 илјади денари.
 
-Тоа се некаде 88,4 проценти во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од вкупно планираните 78 милиони и 940 илјади денари, наплатени се 73 милиони и 410 илјади денари или изразено во проценти 93 посто. Капиталните расходи се планирани во износ од 28 милиони и 539 илјади денари, а се реализирани во износ од 24 милиони и 986 илјади денари што процентуално изнесува 87,5 проценти. Во однос на вкупните расходи во основниот буџет процентот е 35,4. Од нив за купување на опрема и машини се потрошени 229 илјади 541 денари, за купување на информатичка и видео опрема 141 илјада 663 денари, за проекти за патишта 2 милиони 651 илјада 209 денари денари, за изградба на улици и патишта милион 956 илјади 870 денари, реконструкција на улици и патишта, 15 милиони 163 илјади денари, изградба на мостови 3 милиони 228 илјади денари, реконструкција на пречистителни станици и колектори 545 илјади денари, подготвување проекти на други објекти 784 илјади денари, надзор над изградбата 27 илјади денари и надомест за одземен имот во износ од 399 илјади и 302 денари, истакна Христова.
 
Меѓу капитални расходи во износ од 24 милиони и 357 илјади денари, како што додава Христова, влегуваат средствата за изградба на пат с.Бигла – с.Турија во износ од милион 956 илјади и 870 денари.
 
-Исто така оваа сума се однеува и на реконструирани улици и патишта во износ од 15 милиони 163 илјади и 836 денари. Се работи за улиците „Вељко Влаховиќ“, „Илинденска“, пробивање на селски патишта и доплата на патот Делчево-с.Вратиславци, дополни Христова.
 
Освен ова, општината веќе ги уплатила и средствата за изградба на пешачкиот мост кој веќе се гради со сопствено учество на општината во износ од 3 милиони и 228 илјади денари, исто така одвоени се средства за изготвување на проекти за улици и патишта во висина од 2 милиони 651 илјади денари, за подготвување на проекти за други објекти во износ од 784 илјади денари. Дел од нив се наменети за регулирање на р.Брегалница и за градски пазар, додека исто така со дел од потрошената сума се опфатени и реконструкција на улиците „М.Тито“, „Светозар Марковиќ“ и „Питу Гули “, кои влегуваат во буџетот на донации во износ од 15 милиони 212 илјади денари.
 
На 21. седница на Советот на Општина Делчево беа усвоени и завршните сметки на ЈЛБ „Илинден“, на гимназијата „М.М.Брицо“, на деветолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ и на детската градинка „Весели Цветови“. Усвоена е и програмата за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при општина Делчево за 2019 година, одлуката за изработка на урбанистичко-проектна документација „Проект за инфраструктура за изградба на атмосферска канализација за населба Басарица – Општина Делчево“ како и извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*