Конститутиран новиот состав на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Како што информираше претседателот на ова тело, Николина Петровска Мавродиева, ОСБСП ќе се фокусирана спроведување на годишниот план за работа кој денес беше усвоен.

-Денес се одржа конститутивната седнивца како и втората седница на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. На седницата беше избран нов секретар на советот додека на втората седница беа донесени деловник за работа на советот, а усвоена беше и предлог годишната програма за активности во текот на 2019 година, истакна Мавродиева.

Од поважните активности Петровска Мавродиева ги истакна предвидените акции за подигнување на јавната свест од возачите кон пешаците и спроведувањето на воспитните манифестации и сообраќајни кампањи.

Годишната предлог програма која беше усвоена на седницата на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе биде доставена за усвојување и од страна на Советот на општина Делчево во текот на првата следна седница.

Конституиран новиот состав на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Конституиран новиот состав на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, March 20, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*