Со засадување зимзелени видови на дрвца во училишните дворови, делчевските воспитно-образовни установи го одбележаа доаѓањето на пролетта и денот на екологијата. Наставните часови по неколку предмети, како што истакна Маријана Стоименовска, заменик директор на деветолетката Ванчо Прке, беа искористени за засадувања на зимзелени дрвца и алеи со цвеќиња во кругот на училиштето.
-Во чест на денот на екологијата и доаѓањето на пролетта, имавме еколошки активности, во чии рамки посадивме садници околу оградата на училишниот двор, алеи со цвеќиња во задниот дел на училиштата, при што беа ангажирани ученици кои донесоа различен вид на цвеќиња. Секако го украсивме и оној биолошки кабинет во природа во кој имаме прекрасна фонтана и во неа ќе посадиме убави пролетни цвеќиња, истакна Стоименовска.
Слична активност за денот на пролетта беше спроведена и во централното, како и во подрачните училишта при деветолетката Св.Климент Охридски.
-Денеска е ден на пролетта и затоа ние со дел од учениците се собравме во училишниот двор, со цел да засадиме цвеќиња и зимзелени дрвја како би имале почиста и позелена околина, истакна ученичката Милена Ордева.
Светскиот ден на екологијата со акција за садење зимзелени видови дрвца беше одбележан и во делчевската гимназија Методи Митевски – Брицо, додека во соработка со родителите со кои беа подготвени најразлични пролетни креации, добредојде на пролетта со пригодна музичка програма и посакаа и најмалите од детската градинка Весели Цветови од Делчево.
Воспитно-образовните установи од Делчево го одбележаа денот на пролетта
Воспитно-образовните установи од Делчево го одбележаа денот на пролетта
Posted by delcevo365.mk on Thursday, March 21, 2019
Leave a Reply