Младите од Црвен крст во уште една хумана мисија

Оваа сабота со почеток од 11 часот и 30 минути младите волонтери на Црвен крст Делчево организираат хуманитарна акција за собирање средства за самохран родител од Делчево. Kако што информираше волонтерот Михаела Маџовска акцијата на 23 март ќе се реализира пред просториите на Црвен крст во Делчево.

-Општинската организција на Црвен крст Делчево по спроведување на ПХВ програмата која се одвива секоја година, оваа сабота 23 март ќе организира хуманитарна акција за помош на сeмејство од Делчево. Се работи за помош која им е потребна на наши сограѓани, односно самохран родител, (мајка на две малолетни деца). Ги повикувам сите хумани граќани да им помогнеме оваа сабота со тоа што ќе донираме облека, хигиенски средства, парични и други донации, кои им се повеќе од неопходни на ова семејство, истакна Маџовска.

Ваквите гестови се препознатлив знак за волонтерите од Црвен крст Делчево, кои во големиот број досегашни акции кои ги имаат спроведено, помогнале на голем број на семејства, кои живеат во социјален ризик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*