Општински натпревари во футсал и кошарка

Во Делчево денес се одиграа општински натпревари во кошарка за девојчиња и футсал за момчиња. Учествуваат екипите од општинските основни училишта Ванчо Прке и Свети Климент Охридски при што во првиот натпревар, женската екипа на деветолетката Ванчо Прке со 38:28 ја совлада противничката екипа на Св.Климент Охридски.

Во моментот се игра и натпреварот во футсал во кој по 5 минути игра, екипата на деветолетката Ванчо Прке поведе со 1:0. Конечниот резултат ќе го соопштиме по завршувањето на натпреварот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*