Делчевецот Јован Илиевски кој е еден од најдобрите пливачи во младинска категорија во Италија каде живее со своето семејство, конечно доби повик од Македонската пливачка федерација за настап на едно големо натпреварување.
Имено, повикот пристигна од Александар Маленко, претседател на пливачката федерација во чија официјална покана се бара Јован Илиевски да настапи на Балканскиот младински шампионат кој од 10 – 12 мај 2019 ќе се одржи во Кавала, Грција.

Ова за Јован Илиевски значи остварување на сонот за настап на големо натпреварување бранејки ги боите на нашата репрезентација.
Честитки за Илиевски кој и во самото интервју за delcevo365.mk направено минатотото лето (линк подолу), истакна дека ако некогаш биде повикан за репрезентацијата ќе му биде чест да ги брани боите на нашата држава.
Интервју со Јован Илиевски – Делчевскиот шампион од Тренто
Posted by delcevo365.mk on Saturday, August 25, 2018
Leave a Reply