Советодавната граѓанска група ја одржа редовната седница

Во последните 38 дена, на територијата на општина Делчево не е регистрирана сообраќајна незгода причинета со материјална штета или човечки жртви. Ова е податок кој во рамки на своето излагање пред членовите на Советодавната граѓанска група од Делчево, денес го соопшти командирот на Одделението за сообраќај при делчевската полиција, Митко Миленковски, кој истакна дека оваа добра статистика може да биде загрозена од сезоната на возење мопеди и мотори која само што започна.
 
-За да не дојде до тоа, ние будно ја следиме состојбата преку санкционирање за сите возачи кои ја прекршуваат брзината на движење. Исто така ригорозно се постапува и со оние лица кои без возачка дозвола користат такви превозни средства, како и за оние кои не ја носат потребната опрема пропишана согласно со закон, истакна Миленковски.
 
Освен брзото возење на дневен ред на состанокот на Советодавната граѓанска група беше и вандализмот, кој како што истакна претседателот на СГГ, Ванчо Новоселски во последно време е се почеста појава во Делчево.
 
-Донесовме заклучок да се пронајдат сите тие чинители кои вршат вандализам, додека поразговаравме и околу некои претставки од граѓаните на кои ќе им биде одговорено по писмен пат, истакна Новоселски.
 

Советодавната граѓанска група е советодавно тело формирано по иницијатива на ОБСЕ како дел од соработката помеѓу граѓаните и полицијата, со цел сите проблеми кои постојат во заедницата, да се лоцираат и потоа да се пристапи кон нивно решавање.

Одржана нова средба на Советодавната граѓанска група

Одржана нова средба на Советодавната граѓанска група

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 22, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*