Со низа активности одбележан Светскиот ден на водите во Делчево

И во општина Делчево со низа активности се одбележа Светскиот ден на водите – 22 Март. Главниот настан кај едукативната патека на биодиверзитетот која се наоѓа покрај река Брегалница каде како што информираше Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево учениците од двете делчевски деветолетки се запознаа со општите факти за флората и фауната која постои по течението на река Брегалница.
 
-Светскиот ден на водите го одбележуваме со учениците од основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ кои ги запознавме со шумските видови и со сите видови на живеалишта кои што се идентификувани долж течението на реката Брегалница. Споделивме неколку битни факти на светско ниво за важноста на водата за нас како луѓе, истакна Стоименовски.
Додаде дека денешниот ден е од огромна важност за општина Делчево има и посебна, бидејки во тек е проект преку кој се обезбедени финансиски средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
 
-Обезбедивме околу шест милиони швајцарски франци за пречистителна станица за отпадни води, проект кој започна да се имплементира 2018, продожува 2019 година со кој најдоцна до крајот 2021 година ќе добиеме нова пречистителна станица и чиста вода за пиење, додаде Стоименовски.
 

Преку ваквите проекти за изградба на пречситителна станица во Делчево, швајцарската конфедерација се наметнува како најголем партнер на Македонија во насока на обезбедување чиста вода за пиење.

Покрај кејот на река Брегалница во Делчево одбележан Светскиот ден на водите

Покрај кејот на река Брегалница во Делчево одбележан Светскиот ден на водите

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 22, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*