Николовски: Навремените субвенции клучни за развој на земјоделието

Навремените субвенции се клучни за развој на земјоделието истакна денес од Делчево, Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој заедно со директорите и раководителите на клучните институции од секторот земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжи кампањата рамки на кампањата „Институциите на терен“. Пред земјоделците од Пијанечко-малешевскиот регион, Николовски ја потенцираше заложбата на Владата и Министерството за продолжување на трендот за редовна и наврмена исплата на субвенциите кон земјоделците.
 
-Во рамки на овие средби пред земјоделците го споделив фактот дека Mинистерството неодамна исплати 5,5 милиони евра субвенции. Во оваа сума се и субвенциите за сливите кои Mинистерството ги исплати во соработка со платежната агенција. Ако на ова се додадат 4,4 милиони евра за субвенции за градинарски култури или вкупно 245 милиони евра за тековни и заостанати субвенции од јуни 2018 година досега, тогаш навистина станува збор за искрен пристап кон земјоделците, истакна Николовски.
 
Пред граѓаните од регионот Пијанец-Малеш, Николовски дискутираше и за мерката за воведување зелена нафта за земјоделците.
 
-Ветивме дека зелена нафта ќе има во првите две години и еве 2019 е прва година во која земјоделците ќе ги добијат зелените картички, за почеток со 30 проценти намалување, со што се надеваме дека ова ќе придонесе кон целокупниот развој на земјоделството, додаде Николовски.
Конкретно за Делчево и регионот, како што информираше Директорот на платежната агенција Николче Бабовски кој соопшти дека во изминатиот период за Делчево се исплатени субвенции во висина од 63 милиони денари.
 

-Тоа се пари кои во текот на изминатата 2018 година се влезени во регионот кој потпаѓа на подрачната единица на Министерството за земјоделството во Делчево. На име на основни субвенции пак годинава се исплатени скоро 45 милиони денари, така што тој тренд ќе продолжи и во нредниот период рече Бабовски.

Трибина со земјоделците од Пијанечко-малешевскиот регион

Трибина со земјоделците од Пијанечко-малешевскиот регион

Posted by delcevo365.mk on Saturday, March 23, 2019

 
Министерот Николовски од Делчево заминува за Каиро, каде ќе има средба со високи претставници од Египет, со кои ќе се разговара за извоз на македонскот јаболко на египетскиот пазар.
Во продолжение слушнете дел од пршањата на земјоделците упатени кон претставниците на институциите од земјоделскиот сектор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*