Младите волонтери на Црвен крст денес во Делчево организираа хуманитарна акција за собирање средства за семејство од социјален ризик. Kако што информираше волонтерот Михаела Маџовска средствата од акцијата ќе бидат наменети за помош на самохрана мајка со две малолетни деца.
-Ние волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Делчево денес сабота имаме собирна акција за семејство од Делчево поточно самохрана мајка со две малолетна деца. Акцијата започна од 9 часот и ќе трае до 13 часот пред просториите на Црвен крст Делчево. Собираме храна, хигиенски средства, облека и парични средства кои еќ ги намениме за некои основни работи кои му се потребни на ова семејство, истакна Маџовска.

Ваквите гестови се препознатлив знак за волонтерите од Црвен крст Делчево, кои во големиот број досегашни акции кои ги имаат спроведено, помогнале на голем број на семејства, кои живеат на територијата на општина Делчево а се претежно семејства од социјален ризик.
Собирна акција во организација на волонтерите на Црвен крст Делчево
Собирна акција во организација на волонтерите на Црвен крст Делчево
Posted by delcevo365.mk on Saturday, March 23, 2019
Leave a Reply