Додека едни расчистуваат и се грижат за што подобар изглед на градот, други, не бирајки место и начин каде ќе го покажат својот одраз на некултура и вандалско однесување се трудат што повеќе да го нагрдат урбаниот изглед на јавните површини.
Последниот пример за нивната негрижа е забележан на тениските терени кај градскиот стадион во Делчево каде на едно од игралиштето мрежата е целосно извадена, додека на другиот истата е видно оштетена. Освен тоа на теренот можат да се забележат секаков вид на железни и дрвени предмети. Искршени се столчињата на местото наменето за набљудување на тениската игра, а за предметите и сето останато што се наоѓа околу теренот и да не зборуваме.
Иако на последната средба на Советодавната граѓанска група се донесе одлука будно да се следи состојбата со вандализмот и притоа сторителите да се казнат, сепак факт е дека ригорозни мерки за сторителите треба што поскоро да бидат спроведени, во спротивно ова вандалско „лудило“ најверојатно ќе потрае!!!
Leave a Reply