Во Пакет Маркет во Берово поставени донаторски кутии за помош на 12 членото семејство од Русиново

Иселеници од Швајцарија и Германија, први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12 членото семејство Мирчовски од село Русиново. Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кој е роден во Русиново, а повеќе од 30 години со семејството живее во Германија.
 
Хуманитарните организациии веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња, кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседите.
 
Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга“ од Берово, активно се вклучи во акцијата за расчистување на остатоците од куќата која целосно изгоре во пожарот, а расчистувањето како што соопштија, ќе продолжи и денеска.
 
Најголем проблем за Мирчовски е сместувањето, малолетните четири деца синоќа беа сместени кај роднини и пријатели, а Здравко Мирчовски засега вели дека дополнителен проблем ќе биде понатамошното сместување.
 
-Ги замолувам сите институции од Малешевијата и пошироко, кој може со што може да донира нешто, едноставно сме на улица, нема кај да живееме. Децата и внучињата се кај роднини, таму преку ден ако не им претставува проблем ќе ги сместиме некако, вечер ќе видиме што ќе се случува, каде ќе се сместуваме тоа е веќе дополнителен проблем, вели Мирчовски.
 
Од денес беровчани своите донациии можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет“ во Берово, кои и сами вчера донираат прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Исто така Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на следните сметки:

Девизна сметка Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027

Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)

Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)

Акцијата за помош на дванаесетчленото семејството продолжува и понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*