Голема хуманост на иселениците за помош на семејството Мирчовски

Семејството Стоименовски кои се наоѓаат на привремена работа во Швајцарија, а потекнуваат од Русиново, покажаа голема хуманост и во заедничка организација и со помош на колегите кои работат во FerTechnic GmbH, како и директорот Мустафа Алиовски за само еден ден собраа 8000 швајцарски франци за 12 членото семејство Мирчовски од село Русиново чија куќа вчера рано утрото изгоре во пожар.

Претходно семејството Воденски кои исто така потекнуваат од Русиново, а живеат во Германија донираа 1000 евра со што помошта се искачи на 10.000 евра. За изградба на нова куќа на Мирчовски кои по пожарот се на улица ќе бидат потребни двојно повеќе, плус работна рака која е најавена како помош од нивните соселани.

Во меѓувреме парични средства се собираа и во „Пакет Маркет“ кој претходно донираше средства за лична хигиена и храна во висина од 100 евра, а во маркетот, кафе баровите и на градскиот плоштад поставени се кутии за помош на Мирчовски.

Да се надеваме на помош и на останати хумани граѓани кои се во можност да донираат се со цел што поскоро Мирчовски повторно да му се радуваат на својот нов дом кој и тоа како им е потребен. 

Со надеж дека хуманоста и понатаму ќе продолжи, дванаесет членото семејство Мирчовски од срце се заблагодаруваат за сите донации и сите кои помагаат на било кој начин, било да се работи за парични средства или работна рака. Особена благодарност упатуваат до своите соселани, Јавното претпријатие, Градоначалникот и Територијалната противпожарна единица, кои цело време помагаа во расчистување на она што остана од куќата.

Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на следниве сметки:

Девизна сметка Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027

Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)

Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*