Претставникот на кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево, Павел Стојчевски со еден златен и еден сребрен медал се врати од Balkan Open 2019 кој се одржа во Босна и Херцеговина во градот Тешањ.
Медалите Стојчевски во Тешањ ги освои во дисциплините “кик-лајт” за помлади кадети под 37 килограми, како и во дисциплината “поинт-фајт”.
Честитки за младиот Павел на кого на “Balkan Open 2019” друштво му правеше неговиот татко кој ја имаше улогата на судија на првенството во Тешањ.
Leave a Reply