„Трагачите по парадокси“ денес пред кочанчани

Книгата „Трагачи по парадокси“ на неговата „Екселенција сатира“, Миле Ѓорѓијоски денес точно напладне ќе биде претставена пред пошироката читателска публика во Кочани.

Настанот е во организација на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани, во чии рамки ќе бидат претставени дел од најдобрите афоризми на едицијата Балканска сатира на „Ин Виница Веритас“ чии карикатури од минатогодишното издание од фестивалот ќе бидат исто така дел од промоцијата.

Шемата на процијата е иста, ред афоризми прочитани од сатиричарите Миле Ѓорѓијоски, Ленче Стоименова и Јане Атанасов, ред музика, ред поезија и настап на поетесата Христина Деолска. Организаторите денес напладне ги покануваат сите љубители на сатирата и поезијата да повелат на едно незаборавно дружење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*