Над 100 средношколци во Делчево се натпреваруваат за најдобра бизнис концепт идеја

Во Делчево започна третиот иновативен камп, натпревар за средношколци во кој над 100 ученици од неколку средни училишта во државата ќе бидат дел од натпреварот за најдобра бизнис концепт идеја.

Како што истакна Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија, кој заедно со општина Делчево е организатор на настанот, целта на овие натпревари е да се истакне лидерскиот пристап на средношколците при градењето на нивните бизнис план идеи.

Иновативен камп – Натпревар за најдобар бизнис концепт „Делчево 2019“

Иновативен камп – Натпревар за најдобар бизнис концепт „Делчево 2019“

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, March 27, 2019

-Ќе се обидеме да екипираме 100 ученици од повеќе градови во државата со цел да научат како да се биде лидер во еден ваков тим од 5 ученици, како да се соработува со бизнис волонтерот кој што денеска ќе има улога да им помогне во градењето на бизнис-планот. Секако на овој натпревар учениците ќе ги презентираат своите бизнис концепт идеи пред петчлената жири комисија, која што ќе треба да ги награди првите три тима кои што ќе бидат денеска најиновативни и најкреативни, истакна Панчева.Денешниот натпревар како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, отвора нова перспектива за идеите на средношколците.

-Општина Делчево дава несебична поддршка во организација на денешниот настан со што Делчево како релативно мал град на крајниот Исток во државата, дава свој голем придонес во развојот на претприемништвото и мотивацијата кај младите да размислуваат претприемнички и да работат за развој на своите идеи и бизнис и да ги реализираат своите соништа, рече Трајковски.

Во рамки на претходните два кампа кои се поддржани од УСАИД, а се одржаа во Скопје, учествуваа 300 средношколци од повеќе градови во Македонија. Доделувањето на наградите во рамки на третиот иновативен камп е предвидено за попладневните часови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*