На 13 април ќе се одржи четвртата изложба на олдтајмери во Делчево

На 13 април 2019 година во организација на здружението „Кралеви на патиштата“ во Делчево по 4 пат ќе се одржи веќе традиционалното Ретро-кар шоу. По тој повод направивме разговор со Лоренцо Трајановски, претседател на здружението, со кој поразговаравме за сето она што ќе се случува во рамки на четвртата изложба на олдтајмери. Трајановски денес го затекнавме како ја подготвува својата Wolksvagen “буба”, возило кое целосно реставрирано ќе учествува на претстојната изложба на олдтајмери.

delcevo365.mk: Ја гледаме вашата Wolksvagen „буба“ во една целосно нова состојба. Колку време ви беше потребно да ја доведете во нејзината сегашна состојба?

Лоренцо Трајановски: 

Реставрацијата на возилото трае околу 5 месеци, заради тоа што деловите се прават поединечно. Околу реставрацијата не сакаме да брзаме, затоа што сакаме да изгледа оригинална. Засега изгледа доста добро, имаме за монтирање пониклувани делови кои ќе ги монтираме овие денови, по што ќе биде подготвена за изложбата на олдтајмери што ќе се одржи на 13 април 2019 година. Мислам дека ќе биде едно од поубавите возила и многу ретко видени, затоа што е стара негде 52 години, „бубата“ е произведена 1967 година. Со реставрирањето се надевам ќе и го продолжиме векот за многу повеќе години и како што може да видите истата е во перфектна состојба.

delcevo365.mk: Кажете ни нешто повеќе за вашето здружение кое неодамна го ресистиравте и во централен регистар

Лоренцо Трајановски:

Нашето здружение е формирано пред околу еден месец, се вика „Кралеви на патиштата“ или на англиски „King’s of the roads“. Пред извесно време се регистриравме во централен регистар со што станавме легално здружение. Броиме околу 25 членови, но мислам дека со тек на времето таа бројка ќе се зголемува. Во таа насока апелирам до сите оние кои имаат стари автомобили и сакаат да се зачленат слободно да не побараат, за да станат дел од нашето здружение.

delcevo365.mk: На прагот сме на одржување на уште една изложба на олдтајмери, популарно наречена „Ретро-кар шоу“. Колку учесници досега се имаат пријавено.

Лоренцо Трајановски: Ја користам приликата да ги известам и воедно да ги поканам сите наши сограѓани и сите кои го гледаат порталот delcevo365.mk, да дојдат на 13 април кај градскиот стадион во Делчево, каде ќе се одржи четвртото издание на популарното „Ретро кар шоу“. Пријавувањето и пристигнувањето на учесниците е закажано за 10 часот, потоа во 11 часот ќе имаме доделување на пехари за учесниците, при што за секој учесник имаме обезбедено по еден скромен подарок, додека во 12 часот планираме да реализираме едно дефиле, како што тоа го правевме во текот на изминатите години. Дефилето секако ќе биде низ улиците на Делчево. Досега имаме пријавено околу 40 автомобили кои ќе дојдат, од кои 20 ќе дојдат од шест градови од Бугарија. Тие ќе дојдат со навистина прекрасни автомобили кои кај нас ги нема, што ќе биде прилика граѓаните да видат нешто ново. Очекуваме подобра организација од минатата година, затоа што од година во година се повеќе напредуваме во организацијата, контактираме со многу пријатели. кои ни пренесуваат дел од своите искуства, така што сметаме дека изложбата на олдтајмери на 13 април 2019 година ќе биде одличен настан.delcevo365.mk: Неодамна имавте таканаречен кампинг на Голак со стари комби возила од марката Wolksvagen T3, имате една замисла со тие возила, каков е планот?

Лоренцо Трајановски: Точно така. И вие како портал имавте можност да присуствувате на последниот наш собир кој го реализиравме на планината Голак со Wolksvagen Т3  комбиња. Такви има околу 10 возила во Делчево и во иднина имаме една голема идеја, преку која сакаме да направиме еден кампинг центар во околината во Делчево. Кампинг центарот сакаме да го промовираме на повеќе европски сајтови, се со цел да придонесеме за развој на туризмот во Делчево. Во Бугарија има 22 кампинг места, а се надеваме дека во Делчево ќе биде првиот ваков кампинг центар во Македонија.

delcevo365.mk: Дали и тие возила ќе учествуваат на Ретрокар шоуто и што како за крај на нашиот разговор  ќе им порачате на сите во врска со настанот на 13 април?

Лоренцо Трајановски: Тие возила со кои кампувавме на Голак, сите ќе учествуваат на четвртото издание на изложбата на олдтајмери. Мојот апел до сите кои имаат стари возила од нашиот град, е да се пријават за учество на изложбата на олдтајмери. Апелирам исто така до сите заинтересирани кои сакаат да станат дел од нашето здружение да се зачленат, со тоа што ќе им обезбедиме членски карти. Мислам дека возењето олдтајмери станува тренд, очекувам нашето членство да го зголемиме на околу 50 членови и уште еднаш ги поканувам сите граѓани да присуствуваат на четвртата изложба на олдтајмери која ќе се одржи на 13 април со ветување дека настанот ќе биде едно посебно доживување.

Изложба на олдтајмери на 13 април по 4 пат во Делчево!

Изложба на олдтајмери на 13 април по 4 пат во Делчево!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, March 28, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*