Богат ракометен викенд во Делчево

Започнуваат натпреварите во младинските лиги во ракомет при Ракометната федерација на Македонија. Утре, сабота 30 март 2019 љубителите на ракометот ќе можат да го проследат првиот од вкупно трите натпревари кои младинските екипи од Делчево овој викенд ќе ги одиграат против своите врсници во Делчево. Со почеток во 14 часот, утре кадетките на РК Делчево ја пречекуваат второпласираната екипа на РК Шампион. Делчевки очекуваат нова победа над оваа екипа, откако во есенскиот дел ја совладаа во Скопје

Во недела возбудувањата продолжуваат со натпревар на кадетите кои играат против екипата на Борец од Велес. Натпреварот се игра во 12:00 часот. Ќе биде тоа одлична пресметка помеѓу две силни екипи во кои не се сомневаме дека ќе прикажат одличен ракомет.

Веднаш по овој неделен натпревар со почеток во 14:00часот, пак пионерките на РК Делчево имаат тежок дуел против првопласираната екипа на ЖРК Вардар. Сите натпревари ќе се играат во спортската сала на СОУ “М.М.Брицо”.
Ова значи дека љубителите на ракометот ќе имаат одлична причина да ги бодрат делчевци во рамки на продолжението од сезоната. Во првото коло од продолжението во сезоната женската екипа на ракометната академија “КЛ7” од Делчево е слободна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*