Започна изградбата на темелите од новата куќа на семејството Мирчовски од беровското село Русиново, на кого пред пет дена пожар во пожар им изгоре куќата. За 12 членото семејство помош пристига од сите страни,донации во пари, храна, облека , но и градежен материјал за куќата која за само еден миг ја проголтаа огнените јазици и на семејството Мирчовски им зедоа се што спечалиле во животот. Александар Мирчовски денес се заблагодари на сите хумани граѓани кои помогнаа да се започне изградбата на новата куќа.
-Благодарност до сите соселани, роднини, комшии, иселеници кои помогнаа да успееме да почнеме со градба со работа да може да се изгради засолниште да живееме. Очекуваме дека за два до три месеци да биде готова куќата до кров. Во меѓувреме живееме кај братучеди, татко ми и чичко ми се кај неговата сестра. Немам зборови со кои можам да ја опишам благодарноста до сите кои се заангажираа да застанеме на здрави нозе, исткана Мирчовски
Пред да почне изградбата фирми од беровскиот регион и општината помогнаа во расчистување на јагленосаните остатоци од куќата.
-Градоначалникот беше помеѓу првите на теренот на увид на случајот и ги ангажираше сите расположливи ресурси, на ниво на општината во расчистување на теренот, и парично ќе се помогне веднаш по надминување на законската пречка, после завршување на изборитем истакна Каламдевска.
Четирите генерации на семејството Мирчовски меѓу кои и четири малолетни деца во новата куќа, која се гради од донации и од хумани граѓани очекуваат да се вселат за три месеци, дотогаш тие мора да живеат во куќите на нивни роднини, кои им дадоа кров над глава по несреќата.
Девизна сметка на која и понатаму може да се донира
Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027
Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)
Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)
Leave a Reply