Се евакуира населението од страшниот пожар кај село Саса

Страшен пожар го зафати атарот на село Саса. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од М.Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса. Во локализирањето на пожарот учествуваат екипите на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а според неофицијални информации на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција. Неминовна ќе биде сеопфатна акција, која засега поради мракот не е возможна. Она што со сигурност се знае е дека луѓето се евакуираат и земаат она што може да се земе од своите имоти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*