Лора Велевска е јунакот на денешниот натпревар кој во рамки на првото коло од пролетниот дел од сезоната кадетките на РК „Делчево“ го одиграа против екипата на РК „Шампион“ од Скопје. Со ефектен „еврогол“ на крајот од првото полувреме и со два гола (еден од пенал), во последните два напади Велевска и донесе значаен бод на домашната екипа, која за нијанса беше подобар противник од Скопјанки и можеше до триумф против солидната екипа на РК „Шампион“.
Се играше натпревар гол за гол, во кој во поголем дел од мечот делчeвки го имаа водството. Најинтересниот момент во првото полувреме, предизвика вистински овации меѓу присутните, кои имаа можност да го видат ремек-делото на Лора Велевска, која од девет метри, преку живиот ѕид, успеа да го изненади гостинскиот голман и да и донесе водство на екипата од Делчево по првото полувреме.
Во второто полувреме делчевки имаа контрола на мечот се до 50 минута, кога постепено по неколку грешки на домаќините, гостинките поведоа со еден, а потоа и со два гола разлика. Делчевки се трудеа да дојдат до поволен епилог од мечот, а на самиот крај тоа се исплатеше. Во завршните моменти најпрвин на 40 секунди до крајот од натпреварот со гол од пенал Лора Велевска намали на 20:21, додека во последниот напад, гостинките згрешија, што отвори можност за контранапад на домашната екипа која со погодок повторно на Лора Велевска го постави конечниот резултат 21:21. Тој погодок ги крена на нозе присутните во салата, кои не зажалија што дојдоа, бидејки проследија еден возбудлив ракометен натпревар.
Ова е одлична увертира за утрешните два натпревари кои екипата на РК „Делчево“ ги игра во рамки на продолжението од сезоната во младинските натпреварувања. Најпрвин со почеток од 12 часот, утре, 31 март 2019 година, нови возбудувања ќе ни приредат кадетите, кои играат против екипата на Борец од Велес, додека два часа подоцна пионерките имаат тежок дуел против првопласираната екипа на ЖРК Вардар.
Супер погодок на Лора Велевска на крајот на првото полувреме и последните моменти од мечот од супер возбудливата пресметка помеѓу РК Делчево и Рк Шампион кој заврши 21:21
Posted by delcevo365.mk on Saturday, March 30, 2019
Leave a Reply