Најуспешната жена претприемач во регионот е од Делчево

Здружението за еднакви права и можности ,,Жените во економијата” – Штип и Маркетинг агенцијата ,,Маркетинг микс” ја прогласија нашата сограѓанка Галба Стојковска за најуспешната жена претприемач за Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион. Стојковска наградата ја освои во категоријата бизнис со најголем раст.

-Чест и задоволство ми е што го добив признанието за Најуспешна жена – Претприемач за 2018 година за нашиот регион. Со оваа награда добив уште поголем поттик за понатамошни успеси. Благодарам многу на организаторите на манифестацијата ,,Жените во економијата” за ова признание, истакна Стојковска во својата објава на фејсбук.

Честитки за нашата сограѓанка чија семејна компанија ,,Фротекс” е надалеку позната фирма во својата бранша токму благодарение на претпримничките способности на Стојковска.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*