Видео: Ракометните натпревари одиграни изминатиот викенд во Делчево

Изминатиот викенд во Делчево се одиграа возбудливи натпревари во ракомет во машка и женска конкуренција. Најпрвин во сабота во еден од највозбудливите натпревари кадетките на РК Делчево одиграа реми со екипата на Шампион, додека победата им припадна на кадетите кои во недела славеа убедлива победа против екипата на Борец од Велес. Возбудлив натпревар одиграа и пионерките на РК Делчево кои во недела речиси во текот на целиот натпревар и парираа на екипата на Вардар, но сепак ситни грешки придонесоа бодовите да заминат во Скопје.

За сите оние кои ги пропуштија натпреварите еве можност да ги проследат во целост.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*