Ново злато за Стаменковски во бенч-прес

Отвореното првенство на Црна Гора во  кое се одржа во градот Колашин, на каменичанецот Бошко Стаменковски му донеде нов златен медал во бенч-прес за натпреварувачи до 75 килограми. Како што информира Стаменковски златото го освоил со подигање тежина од 135 килограми.
 
-Отвореното првенство на Црна Гора се одржува по 6 пат, а јас бев единствениот македонски претставник на натпреварот во Колашин. Се работи за пауер-лифтинг натпревар според ,,ГПЦ” правилата. Категоријата во која настапив е за ветерани, имав релативно најдобар мастер и со подигнати 135 килограми за натпреварувачи до 75 килограми, освоив злато во дисциплината бенч-прес, информира Стаменковски.
 
Стаменковски е еден од ретките спортисти кој во бенч-прес ја претставува државата на големите натпреварувања и притоа е неколку кратен европски и светски шампион. Следниот предизвик за Стаменковски е настап на Балканското првенство во пауер-лифтинг и бенч-прес во Бијелина, Србија кое ќе се одржи на 13 и 14 април.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*