Планинарски марш до врвот Обел

Поради актуелната ситуација со пожарите во Пијанечко-малешевскиот регион, претставници на неколку институции во соработка со планинари од Делчево и Берово реализираа планинарски марш како дел од контролите за откривање пожари во пограничниот регион Македонија – Бугарија. Со оваа активност како што информираше претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски, беше опфатен пограничниот појас во близина на врвот Обел.
 
-Спомената маршрута ја одбравме поради тоа што Врвот Обел е место каде Македонија и Бугарија граничат помеѓу себе, Поради актуелната ситуација со пожарите целта беше преку планинарска акција да направиме своевидна контрола на овој терен близу до границата. Во оваа активност покрај планинари на ПСК „Голак“ од Делчево и огранокот ПСК „Сосна“ од Берово, учество зедоа и вработени во институции чиј ресор е токму во делот на превенција од пожари.Учествуваа вработени во граничната служба, противпожарната единица, општина Делчево, пожарникари кои се дел од резервниот состав како и вработени во Центарот за управување со кризи, информира Чучуковски.
 
Чучуковски додаде дека по направената контрола е констатирано дека овој дел од Пијанечкиот регион е безбеден и без посериозни опасности од појава на пожари.
 
За време на превентивниот планинарски марш било забележано дека во пограничниот појас нема запалени стрништа ниту ниви со сува трева кои се едни од потенцијалните жаришта за настанување на пожар. Планинарската маршрута потоа продолжила низ живописните предели на селата Ѕвегор и Град при што биле посетени и туристичките локалитети Илин Камен и тврдината Градиште.

Реализиран планинарски марш до врвот Обел

Реализиран планинарски марш до врвот Обел

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, April 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*