Априлска крводарителска акција во Делчево

За утре, четврток 4 април, Општинската организација на Црвен Крст Делчево ја најавува редовната крводарителска акција со крводарителите од Делчево.

Да донираме крв денес зошто утре можеби и нам ќе ни треба, е традиционалното мото со кое Црвениот крст на Македонија ги поканува крводарителите да бидат дел од редовните крводарителски акции.

-Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување на крв. Вашата крв спасува живот и е незаменлив лек, потребен за да се спасат, голем број на човечки животи. Проверете го вашето здравје и донирајте мал дел од вашата крв и придружете ни се. Даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба, велат од Црвен крст по повод реализирањето на крводарителската акција в четврток.

Според предвиденото, акцијата за дарување крв утре ќе започне во 9:30 часот со времетраење до 13 часот и 30 минути.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*