Детската кинеска литература претставена пред читателската публика во Делчево

Кинеската литература за деца денес беше претставена пред читателската публика во Делчево. Настанот го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“ во соработка со општина Делчево и издавачката куќа „Македоника Литера“
 
-Денешниот настан на некој начин е поврзан со Меѓународниот ден на детска литература. На настанот учествуваа ученици од воспитно-образовните установи од Делчево пред кои беше претставена најдобрата кинеската литература за деца, а потоа организиравме и продажна изложба на овој литературен жанр, истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска.
Интересот за детската кинеска литература, како што истакна Нове Цветановски, управител на „Македоника Литера“ е огромен.
 
-Издавачката ориентација на Македоника Литера е да објавува квалитетна литература. Во Делчево доаѓаме со квалитетна литература за деца која е богата и голема и жанровски и со број на писатели. Знаеме дека Кина е најголема нација во светот со многу квалитетни писатели, многу квалитетни дела, кои за жал сосема малку се објавувани кај нас и во регионот. Со оваа едиција од десет прозни книги на читателите им го нудиме најдоброто од кинеската литература за деца, а тоа се бајки, басни, раскази или новели, истакна Цветановски.
 

Десетте најдобри детски изданија на кинеските автори од денес и официјално ќе се најдат на полиците во делечвската библиотека.

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ја претстави кинеската литература за деца пред читателската публика во Делчево

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ја претстави кинеската литература за деца пред читателската публика во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, April 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*