Копачката исправена пред бројни предизвици во 2019

Здружението Фолклорна група „Копачка“, село Драмче – Делчево, го одржа своето годишно собрание на кое беше разгледан извештајот за реализираните проекти во 2018 година. Значаен дел на активностите на кои ќе се фокусира здружението, како што истакна секретарот на „Копачка“, Перса Стојановска, се настапите на машката и женската група на фестивалите на кои групата редовно го претставува Пијанечкиот фолклор.
 
-Она на што ќе се фокусираме во наредниот период е реализирање на проектот „Копачка 2019“, проект кој што го работиме идентично секоја година, а се однесува за посетата на фестивалите во земјата, на настани во општината и пошироко. Ние тука си дозволуваме да учествуваме и на настани во соседна Бугарија во пограничниот регион кој што ни е многу близу. Имаме веќе соработка со народното читалиште од Селиште, со клубот „Леб и Вино“ од Сандански, како и фестивалски настап во Бобошево, информира Стојановска.
Годинава „Копачка“ ќе го одбележи и својот 5 годишен јубилеј од впишувањето на орото на репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на УНЕСКО.
 
-Како дел од овој јубилеј ќе реализираме два проекти, едниот се однесува на самата прослава со настап на фолклорни групи на местото каде што е срцето на Копачката, како и дефиле низ градот. Исто така ќе биде промовирана и збирката „Копачката во УНЕСКО“, во која ќе биде опишан периодот од влегувањето на орото на репрезентативната листа на УНЕСКО до ден денес. Во оваа збирка ќе може да се видат сите наши активности кои ги правевме со цел орото да опстои на листата на Светската културна организација, додаде Стојановска.

Преку заеднички проект со општина Делчево, здружението фолклорна група „Копачка“ ќе работи и на обнова на народната носија со која групата го претставува пијанечкиот фолклор ширум светот. Најголем дел од активностите на „Копачка“ и годинава се поддржани од Министерството за култура.

Копачката исправена пред 5 годишниот јубилеј од влегувањето на орото на листата на УНЕСКО

Копачката исправена пред 5 годишниот јубилеј од влегувањето на орото на листата на УНЕСКО

Posted by delcevo365.mk on Thursday, April 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*