Волонтерите од Црвен крст Делчево, вечерва ја реализираа најавената кино претстава која имаше хуманитарен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани од влезниците како што информираше волонтерот Иван Стоиловски, ќе бидат наменети за семејство од социјален ризик
-Вечерашнава кино претстава се реелизира како дел од активноста Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности. Ова е проект кој што Црвен крст секоја година го работи и во склоп на оваа акција, група или тим на млади членови, избираат семејство или поединец кој се соочува со проблем и го решаваат. Токму од таа причина беше организирана и вечерашнава кино-претстава, истакна Стоиловски.
Оваа година волонтерите ќе реализираат вкупно 6 проекти како дел од овој циклус. Во проектите како што инфромираше волонтерот Марија Дончевска земаат учество ученици од двете основни училишта во Делчево. Од сите проекти, средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за загрозени семејства од Делчево.
Следните вакви акции во рамки на ЦКА-ПХВ проектите со организирани театарски претстави од страна на волонтерите се ќе се одржат на 5 и 12 април 2019 година.
Волонтерите на Црвен крст Делчево ја реализираа најавената хуманитарна кино претстава
Волонтерите на Црвен крст Делчево ја реализираа најавената хуманитарна кино претстава
Posted by delcevo365.mk on Thursday, April 4, 2019
Leave a Reply