Младите волонтери реализираа музичко-драмски перформанс со хуманитарен карактер

Вечерва во Спомен дом АСНОМ се одржа најавената хуманитарна претстава во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево.

-Хуманитарната претстава која се одржа денеска има за цел да помогнеме на самохрана мајка од Делчево. Во рамки на претставата учествуваат ученици од ООУ Св.Климент Охридски, КУД Н.Ј.Вапцаров и се вклучија и волонтерите од нашата општинска организација, истакна волонтерот Михаела Маџова.

Во рамки на вчерашната кино претстава која исто така имаше хуманитарен карактер, беа продадени над 200 влезници.

-Ние вчера организиравме кино-претстава во киното во рамки на ЦКА-ПХВ проектите на Црвен Крст. Продадовме околу 200 карти, а средствата ќе ги намениме за загрозено семејство од нашиот град. Со вакви акции ќе продолжиме и понатаму, истакна волонтерот Кристијан Димитровски.

Овие акции како што информираше претседателот на Општинската организација на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска, предизвикале доста голем интерес кај младите.

-Ние го спроведуваме успешно планот и програмата за работа на Општинската организација на Црвен крст Делчево. Посебно сме задоволни од младите волонтери и  младите десиминатори, кои што работат со клубот на млади кој го сочинуваат ученици од двете основни училишта во Делчево. Тие работат на мали мини проекти од кои што сите средства  што ќе бидат собрани ќе бидат со хуманитарен карактер со тоа што волонтерите ќе се потрудат да помогнат на некое семејство од Делечво, истакна Георгиевска.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/401860940635091/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*