Поради дефект на главната водоводна линија без вода за пиење жителите на ,,Ново Делчево”

ЈПКД ,,Брегалница” го известува населението во населба Ново Делчево дека поради сериозен дефект на главната водоводна линија, кој се наоѓа до пумпната станица и истиот е настанат под бандера на ЕВН, нема да имаат вода за пиење од овој период па се до утре попладне.

Екипа на ЈПКД ,,Брегалница” е на лице место, меѓутоа се чека екипата на ЕВН која треба да ја отстрани нивната инсталација, се со цел да не дојде до поголема хаварија и на двете мрежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*