Прва награда за Миле Ѓорѓијоски на фестивалот во Раковица

Познатиот Македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски е победник на овогодишниот трет по ред меѓународен фестивал на хумор и сатира Раковица 2019, во категоријата на афоризми. Од пристигнатите преку илјада афоризми афористичари од целиот Балкан, афоризмите на Ѓорѓијоски го добија заслуженото признание Прва награда за афоризми.

Признанието на нашиот сатиричар ќе му биде врачено на 10 април 2019 година во културниот центар Раковица. После наградата Радоје Домановиќ – Екселенција сатира и освоената плакета на ИФАК „Струмица 2019“, ова е трета престижна награда што Ѓорѓијоски ја добива оваа година.

Во разговор со Ѓорѓијоски тој напомна дека во моментов работи и на третото дополнително издание на книгата „Трагачи по парадокси“, во кое издание ќе бидат застапени педесет најзначајни сатиричари од цела Европа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*