Со акција за хортикултурно уредување се одбележуваат 27 години од работењето на Царинската управа

По повод 27 години од своето работење, денес на граничниот премин Делчево, Царинската управа – Царинарница Штип реализираше акција за хортикултурно уредување на самиот премин. Акцијата, како што информираше раководителот на Царинарница Штип, Иван Спасовски, беше сеопфатна со вклученост и на вработени во царинската управа од соседна Р. Бугарија.
-Одлучивме овој јубилеј да го прославиме со акција за хортикултурно уредување, како и расчистување на пределот околу самиот граничен премин Делчево. Во оваа акција земаа учество сите царински службеници од царинарница Штип, а на нашиот повик се одзваа и припадниците на Гранична полиција, локалната самоуправа на општина Делчево и колеги од бугарската царинска служба, информираше Спасовски.
 
Царинарница Штип е составена од повеќе организациони единици. Во нејзин состав додаде Спасовски влегуваат Царинска испостава Велес, Царинска испостава Штип, службата за надзор на иматели на одобрение од Штип, како и царинска испостава Делчево која што е на самиот граничен премин Делчево.

Одбележувањето на јубилејот продолжи со спортски активности на кои учество зедоа екипа на царинарница Штип, екипа на гранична полиција Делчево, локалната самоуправа и екипа на царинската служба од Бугарија.

На граничниот премин Делчево одбележан денот на Македонската царина

Posted by delcevo365.mk on Saturday, April 6, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*