ЈПКД „Брегалница“ денес во работна акција за чистење на дивите депонии

Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ денес во рамки на работната сабота спроведе акција за чистење на диви депонии како на подрачјето на градот Делчево, така и во село Разловци и на планината Голак.

Екипи на претпријатието беа поделени во неколку групи, па така градежна механизација со дел од вработените беше распоредена на едно од најалармантните места во градот депонијата за градежен шут Ралова Чука, место кое граѓаните наместо да го користат за исфрлање градежен шут, исфрлаат се и сешто со што неминовна беше потребна акција за чистење на оваа депонија од страна на вработени во претпријатието.

Втората група вработени во претпријатието беше распоредена во близина на ЈП „Македонски Шуми – Подружница Голак“ каде исто така се чистеше расфрланиот отпад. Се чистеше и кај градските гробишта како и дивата депонија во село Разловци во близина на депонијата кај гробиштата.

Дел од вработените го чистеа и просторот чистеа и околу спортското игралиште и детското одморалиште на планината Голак.

Во акцијата како што истакна директорот Стојче Стојковски беа вклучени сите вработени, освен екипите од водовод и кналаизација кои се работеа на отстранување на дефектот кај главната пумпната станица.

Фото: Акција Шумско стопанство 

Фото: Акција Голак

Фото: Акција Разловци

Фото: Акција Градски гробишта

Фото: Aкција ралова Чука

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*