Делчево се почеста мета на туристи од Скопје

Пијанечкиот регион и градот Делчево стануваат се почеста мета на туристите како од Македонија, така и од соседна Бугарија. Последната група која го посети Делчево, како што информираше лиценцираниот планинарски водич, Љупчо Чучуковски броеше околу 60 туристи претежно од Скопје.
-Реализиравме уште една тура како дел од програмата за планинарско-алтернативен туризам. Разгледавме повеќе интересни места како во самиот град Делчево, така и во неговата близина. Вкупно учествуваа 60 учесници и со овој вид на промоција на градот во рамки на планинарско-алтернативен туризам ќе продолжиме и во иднина, истакна Чучуковски.
Туристите задоволни од она што го видоа најавија нова посета на Делчево.
-Денес сме во посета на градот Делчево и можам да кажам дека сме изненадени од неговите убавини. Ги посетивме повеќе места меќу кои локалниот музеј, манастирот Света Богородица Балаклија, вештачкото езеро Сандански. Планираме наесен да направиме слична ваква тура низ овој дел од Македонија, истакна водичот на групата Данче Ѓеоргиева.

Нива група туристи во посета на Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, April 7, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*