Делчевецот Филип Петровски кој игра за пионерската екипа на Металург ја освои наградата за најдобар среден бек на пионерскиот фајнал-фор турнир кој го освои токму пионерскиот тим на Металург.
Наградата на Петровски лично му ја врачи легендата на македонскиот ракомет Кире Лазаров. Петровски кој кариерата ја започна во екипата на Брегалница плус е избран и во идеалниот тим на турнирот, а во него се најдоа:
Голман: Иван Галевски – КЛ7 Струга
Лево крило: Бранко Јосифовски – РК Шампион
Лев бек: Емилијан Ѓорговски – КЛ7 Струга
Среден бек: Филип Петровски – РК Металург
Десен бек: Филип Николов – РК Металург
Десно крило: Александар Петровски – РК Металург
Пикер: Стефан Донев – РК Алушовски
Честитки до Филип на кого му посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Leave a Reply