Половичен успех овој викенд за делчевските ракометни екипи

Две победи и два порази на ракометните екипи од Делчево овој викенд. Пионерките и кадетките на РК Делчево на гостински терен беа подобри од своите врснички од Гостивар (16:26) и Чаир (16:35), додека кадетите на РК Делчево претрпеа пораз во Виница од екипата на Торо Спорт. Пораз доживеаа и кадетките на екипата на Брегалница плус кои загубија во самиот финиш од екипата на Астибо Штип со 22:18.

Следниот викенд пионерките на РК Делчево се домаќини на ЖРК Ѓорче, додека кадетките ќе се обидат да се реваншираат на екипата на ЖРК Овче Поле за есенскиот пораз во Свети Николе. Кадетите на РК Делчево ќе го пречекаат РК Макаловски од Прилеп. Женската кадетска екипа на Брегалница Плус е домаќин на екипата на Шампион од Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*