По повод Светскиот ден на Ромите, прием за најдобрите ученици Роми од Делчево

Во Делчево вкупно 91 ученик Ром, се вклучени во образовниот систем, 13 дечиња од предучилишна возраст посетуваат градинка, а 10 се вклучени во проектот „Инклузија на децата Роми“. Ова е заклучокот од денешната средба со најдобрите ученици Роми од трите образовни установи во Делчево имаа прием кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.
 
Ученичката во прва година во гимназијата „М.М. Брицо“, Мерал Незировска, ученикот во 9 одделение во деветолетката „Ванчо Прке“, Едис Атин Мемедов, како и ученикот Ибраим Ибраимов од деветолетката „Св.Климент Охридски“, се ученици со најдобар просек меѓу ромските ученици во Делчево.
 
На средбата делчевскиот градоначалник Горан Трајковски истакна примерот на овие ученици треба да го следат сите ученици, бидејќи образованието дава реална основа за полесно вклучување на пазарот на трудот.
 
-Чест ми е денеска што имавме средба со најдобрите ученици Роми во нашиот град. И што продискутиравме за нивните предизвици, проблеми, но и амбициите за постигнување резултати во образованието. Успехот во образованието треба да им биде водилка во животот и само образованието е пресудно за подобро вработување и достоен живот, односно шанса кога ќе излезат на пазарот на трудот. Ме радува фактот што последните пет години во Делчево се зголеми бројот на полнолетни Роми кои го докомплетирале своето основно и средно образование, но и е зголемен и бројот на Роми кои дипломираат, рече Трајковски.
 
Како еден инструмент за мотивација на учениците Роми да постигнуваат поголеми успеси во образованието, е и доделувањето стипендии, а Општина Делчево веќе 11 години доделува парична награда во износ од 10 илјади денари за најдобриот средношколец Ром.
 
Во организација на Општина Делчево и НВО „КХАМ“ вечерва ќе се одржи традиционалната прослава по повод Денот на Ромите, на која ќе бидат врачени и наградите за најдобрите ученици Роми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*