Рудник САСА вложува во обновување на системот за затоплување на здравствениот дом во Македонска Каменица

По повод 7-ми Април – Светскиот ден на здравјето, рудникот САСА донесе одлука за набавка и инсталација на опремата за целокупна реконструкција на системот за затоплување на здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица. Ова беше договорено на средбата со раководството на Здравствениот дом на која менаџментот на рудникот се информираше за состојбите и приоритетните потреби на оваа единствена здравствена установа од ваков вид во градот. Договорeно е поставувањето на новата опрема да се изврши веднаш штом се создадат неопходните услови.
 
-Здравјето е сегмент за кој како компанија постојано се грижиме. Покрај вложувањата имерките што ги спроведуваме во рамки на компанијата, наменети за нашите вработени, созадоволство донираме и во системот на јавното здравство со цел да помогнеме да се одржи неопходно ниво на здравствена заштита за луѓето од целата наша заедница, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.
 
За да се зголеми достапноста на здравствените услуги и за жителите во најодалеченитепланински места во општината, рудникот САСА неодамна набави и медицинско теренсковозило кое ѝбеше донирано на службата за итна медицинска помош во градот.
 
Директорката на здрвствениот дом „Гоце Делчев“, прим. д-р Мара Глигорова, упати огромна благодарност до рудник САСА за најновата донација, како и за нивната постојана грижа и вложувања во здравството.
 
-Системот за затоплување во здравствениот дом има големо влијание врз квалитетот на услугата што ја обезбедуваме за пациентите, но и за целокупниот медицински и помошен персонал кој работи во оваа установа, затоа што придонесува за создавање на неопходните услови за престој и работа во установата за време на зимските месеци. Истовремено, новата опрема за греење што ја обезбедува рудникот САСА ќе ни озвоможи заштеди на енергија и средства, кои ќе можеме да ги искористиме за уште подобри здравствени услуги за пациентите, рече Глигорова.
Вкупната инвестиција на Рудник САСА во целосна реконструкција на системот за затоплување на здравствениот дом во Македонска Каменица, надминува 2,7 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*