Одбележани 20 години постоење на невладината „КХАМ“ од Делчево

Во Делчево невладината организација „КХАМ“ го одбележа 20 годишниот јубилеј од своето постоење. Во изминатите 20 години, како што истакна извршниот директор Зекир Абдулов, организацијата се фокусирала на решавање на најгорливите проблеми на ромската популација.
 
-Нашиот јубилеј 20 години постоење како невладина организација која ги застапува интересите на ромската заедница се поклопува со 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Тоа е датум кој го означува организирањето на Ромите и е ден кој за нас во изминатите 20 години значеше поттик да се организираме, да работиме заедно во интерес на ромската заедница, да ја подигнеме свеста, да го подобриме образовното ниво се со цел припадниците на ромската популација да има поквалитетен живот, рече Абдулов.
 
Како дел од процесот за стимулирање во образованието НВО „КХАМ“ додели две награди за најдобрите ученици Роми, додека претходно градоначалникот на општина Делчево го врачи решението за парична награда за најдобриот ученик Ром.
 
-Оваа година воспоставувме и нова пракса, за десет социјални случаи доделуваме 10 ваучери од социјални пакети, се со цел да помогнеме на тие најранливи семејства, додполни Абдулов.
Од страна на организацијата на сите свои партнери, соработници и дел од институциите им беа доделени благодарници. Покрај градоначалниците на Делчево и Виница, призание доби и поранешниот министер без ресор Аксел Ахмедовски, кој е еден од основачите на невладината организација „КХАМ“.
 
-Оваа награда за мене претставува многу. Никогаш не сум сметал дека од организацијата која пред 20 години ја основавме ќе добијам призание за мојата активност. Во текот на работата во овие 20 години се боревме за правото за најмаргинализираната група граѓани и директно или индиректно ќе помагаме и во иднина, истакна Ахмедовски.
 

Во текот на своето 20 годишно работење како што истакнаа од „КХАМ“ реализирани се над 70 проекти, а во иднина домувањето, образованието и вработувањето ќе бидат приоритетите на кои ќе се фокусира делчевската невладина организација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*