Учениците од Љубљана се запознаа со културно-историските вредности на Делчево

По приемот во општината, групата од 18 ученици заедно со нивните двајца наставници од гимназијата ,,Полјане” од Љубљана, вчера првично се запознаа со градот Делчево.

Во рамки на предвидените активности го посетија Музејот, потоа Црквата „Успение на Пресвета Богородица“, „Џамијата Мехмед Фатих II“, додека имаа прилика да погледнат  македонски филм во киното во Делчево.

Еве накратко како изгледаа активностите со гостите од Словенија во рамки на вчерашниот ден.

Благодарност за видеото до претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски кој во четврток ќе и биде водич на групата која ќе ја посети планината Голак.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*