Домот за стари лица во Берово очекува поддршка за изградба на третата ламела

Домот за стари лица во Берово кој е единствен капацитет од ваков вид во источна Македонија е во очекување на проширување на своите капацитетипреу изградба на таканаречената трета ламела. За таа цел како што информира раководителот на установата Марија Умленска, преку проект кој заврши како прворангиран на регионалните „Форуми во заедниците“ наскоро се очекува поддршката од Швајцарската агенција за развој и соработка со што оваа установа ќе може да ги прошири своите капацитети и да им излезе во пресрет на барањата на корисниците за сместување во домот.
 
-Поради тоа што сме единствена институција од ваков вид во источна Македонија и поради самата местоположба на градот Берово како што е мирно место со чист воздух и пријатна клима, има голема заинтересираност и тоа ни даде мотив да изработиме проект за трет дел, со кој проект општина Берово учествуваше на регионалниот „Форум во заедницата“ каде што нашиот проект беше изгласан за прво рангиран. Се надеваме дека во крајната фаза ќе ни дадат поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, со што ќе можеме да ги прошириме своите капацитети, истакна Умленска.
 
Додава дека листата на чекање е прилично долга и брои околу 100 лица кои бараат место да бидат сместени во установата.
Во домот претежно се сместени пензионери чии деца се во странство. Таков е примерот со Стефка Јанковска од Делчево која има внуци и правнуци ширум светот, но во родното место нема никој, па затоа синот решил да ја смести во капацитетот во Берово.
 
-За мене е премија тука, оти немам ништо и никој дома. Синот кој е во Италија направи молба, ме зедоа овде во домот во Берово и задоволна сум. Сега синоте без грижа, бидејки знае дека овде сум на сигурно, вели Јанковска.

Домот за стари лица е отворен кон крајот на 2015 година со помош на донација од холандската фондација Холандија – Македонија. Подоцна со донација од Министерството за труд и социјална политика и општина Берово е целосно доопремен и пуштен во употреба со што веднаш се вселени и првите корисници. Првата ламела брои капацитет 15 лица, а подоцна со вториот дел капацитетот е проширен за 14 корисници или вкупно 29 лица.

Домот за стари лица во Берово очекува поддршка за изградба на третата ламела

Домот за стари лица во Берово очекува поддршка за изградба на третата ламела

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, April 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*